Владата без коментар на ставот на Путин за членството на Македонија во НАТО
Владата на Република Македонија е посветена на својата цел за членство во НАТО и ЕУ и очекува таа да се постигне со ратификацијата на Преспанскиот договор и во грчкиот Парламент, рече на денешната редовна прес-конференција владиниот портпарол, Муамед Хоџа.
-Позициите на Владата на Република Македонија во однос на нашето зачленување во НАТО и ЕУ се познати. Не сакаме да коментираме интервјуа на различни личности, бидејќи Владата е посветена на својата цел – нашето зачленување во НАТО и ЕУ. По ратификацијата на Преспанскиот договор кај нас, очекуваме тој да биде ратификуван и во грчкиот Парламент и со тоа Македонија ќе го исцрти зацртаниот пат кон НАТО и ЕУ, рече Хоџа, запрашан во врска со ставот изнесен од страна на рускиот претседател Путин дека Преспанскиот договор е постигнат со надворешен притисок, пред се, од страна на САД и оти со сила Македонија се сака да се внесе во НАТО.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај