Владата денеска ќе ја одржи 28-та седница

Владата на Република Македонија, денеска, со почеток во 15:00 часот, ќе ја одржи редовната 28-ма седница.
Според дневниот ред, на предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата ќе ги разгледа Предлог-законот за рамномерен регионален развој и Предлог-стратегијата за регионален развој 2020 – 2030 година.
Во рамки на денешната седница, на која ќе се разгледуваат повеќе прашања од интерес на граѓаните и од Владината програма, министрите ќе ја разгледаат и Предлог-одлуката за предвремена примена на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, на предлог на Министерството за надворешни работи.
За заклучоците и одлуките од седницата, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
