Владата денеска ќе ја одржи 35-тата седница
Владата на Република Македонија, денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 35-та седница.
На седницата, на предлог на Министерството за финансии, Владата ќе го разгледа Предлог-законот за буџети со кој се уредуваат постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на Република Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје и известување за извршувањето на истите.
Од истото Министерство, на дневен ред за разгледување е и Информацијата за подготвителниот состанок со Делегацијата на Европската Унија за Програмата на економски реформи 2021 - 2023 година.
Пред министрите за разгледување ќе се најде и Информацијата за усвојување на ревидирана единствена листа на проекти, усогласена со Економскиот и инвестициски план на Европската Унија за Западниот Балкан, на предлог на Секретаријатот за европски прашања.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.
Ново на Сител
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители
-
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица