Владата донесе одлука угостителите да работат до 21 часот
Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил ги објави новите одлуки на Владата за спречување на ширењето на корона вирусот.
„Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:
Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.“ напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?