Владата ќе брифира за развојот на реформите од Планот 18

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска ќе брифираат за спроведувањето на реформскиот План 18.
На брифингот во Владата ќе дадат осврт на развојот на реформите според фазите на План 18, чиј доминантен сектор е правосудството.
Планот 18 се фокусира на основните столбови на претходниот План 3-6-9, каде освен правосудството се и реформите во јавната администрација и безбедносните служби, но е насочен и на борбата против корупцијата и организираниот криминал, улогата на медумите, слободата на говор, улогата на граѓанското општество, борбата против нелегалната миграција.
Со Планот 3-6-9 е направена рамка, беа донесени стратегиите, со акциските планови, со десетици закони што треба да го реформираат системот, а со новиот План 18 продолжува усвојување на законите, но во него се содржани сите препораки од извештајот на ЕК. Планот не се фокусира само на политичките критериуми, туку и на економските.
Планот 18 е реформски процес што треба да го покрие периодот од завршување на 3-6-9 до наредниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
