Владата ќе одржи седница во 13:00 часот
Владата на Република Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 81-ва седница, на која според дневниот ред ќе бидат разгледани повеќе точки од владината програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според Дневниот ред, на денешната седница ќе се разгледуваат повеќе информации за проекти за унапредување на младинските политики меѓу кои Информацијата за Проектот „Дигитализирање на европската младинска картичка“, Информацијата за степенот на реализација на Законот за младинско учество и младински политики, како и Информацијата за формирање на Совет за млади и спорт, предложени од Агенцијата за млади и спорт.
Пред министрите на разгледување, на денешната редовна седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се најде и Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика.
За донесените одлуки и заклучоци од редовната 81-ва седница, која ќе започне во 13:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом истата ќе биде завршена.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија