Владата на Јанша го преживеа гласањето недоверба во парламентот
Словенечкиот Парламент вечерва не и изгласа недоверба на владата на премиерот Јанез Јанша, бидејќи предлогот на опозицијата беше поддржан од само 40 пратеници, што беше за шест помалку од потребниот број.
Против изгласување недоверба на владата со тајно гласање се изјаснија седум пратеници во 90-члениот парламент, шест гласа беа неважечки, додека мнозинството пратеници во владеачката коалиција беа воздржани, пренесе СТА.
Во текот на целодневната расправа во парламентот, опозицијата тврдеше дека го доставила предлогот заради воспоставување демократија во Словенија, која, како што проценуваат, под водството на Јанша се лизга кон автократија.
Опозицијата ја обвини владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот на Словенија, вклучувајќи ја и поделбата на власта и слободата на печатот и за загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата.
Јанша во својот говор кажа дека неговата влада направила многу повеќе од претходната и покрај тешката епидемиолошка состојба и го нарече предлогот за недоверба „деструктивна фарса“.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
