Владата на Република Северна Македонија препорачала да се прекине реемитувањето на руските канали
Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница и препорача на Агенцијата да „им укаже на кабелските оператори во Република Северна Македонија да ги исклучат каналите каде се појавува како основач Руската Федерација или се приватни лица, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“, пренесува ТВ21.
Од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за ТВ21 велат дека тие испратиле допис до сите оператори со цел исклучување на овие три руски канали.
„Агенцијата со допис им укажа на сите оператори на јавна електронска комуникациска мрежа, доколку со исклучувањето не им се предизвикува финансиска штета, веднаш да ги исклучат овие канали и во најскоро време, но не подолго од три дена од денот на приемот на дописот, да ја известат Агенцијата за преземените активности од нивна страна“, велат од АВМУ за ТВ21.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија