Владата најавува нова мерка за раст на платите

Премиерот Зоран Заев денеска по седницата на Економско-социјалниот совет најави нова мерка за раст на платите.
Како што рече Заев на прес-конференција во Владата, станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто платите на работниците во трудоинтензивните дејности.
Условите за оваа мерка, напомена премиерот, ги исполнуваат околу 15.000 компании и 50.000 работници.
- Целта е една – да растат платите и граѓаните да имаат повеќе пари, рече Заев и апелира до фирмите да ги покачат платите и да аплицираат за владините мерки зашто државата е тука, како што истакна, да помогне.
На прес-конференцијата е предвидено да се обратат министерката за труд и социјала Мила Царовска, како и министерот за финансии Драган Тевдовски, а присутни се претседателот на ССМ Дарко Димовски и претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
