Бизнис
27. November 2018 - 19:30

Владата не го послуша бизнис секторот, законот за личен доход влезе во Собрание

Владата не го послуша бизнисот. И покрај реакциите на коморите, законот за данок на личен доход  влезе во собраниска процедура.  Бизнис заедницата остро реагира дека не само што не се послушани нивните аргументи против новите даночни решенија, туку не е испочитуван ниту рокот за доставување на забелешките.

“Ваквиот вид на ад хок измени не одат во прилог на држава која изминатите неколку години ги помина во правна несигурност и економска криза, заради што целокупната економија беше ставена пред предизвик на опстанок”, се вели во заедничкиот став на стопанските комори.

Владата пак уште минатата недела најави дека 15 дена е доволен рок за дебата.

Ставот на бизнис секторот останува ист – одлагање на воведувањето прогресивен данок на 5 години затоа што позитивниот ефект ќе биде помал од негативниот, ќе прати негативен сигнал кај инвеститорите, а Македонија  ќе го загуби имиџот на земја со ниски даноци.

Даночната реформа ќе стимулира евазија, а во определни сектори одливот на мозоци ќе се зголеми.

Прогресивниот данок ќе важи за лицата со приходи над 90.000 денари кои над оваа сума ќе плаќаат дополнтелни 8%.  За капиталони доибивки данокот се зголемува од сегашните 10 на 15%.