Владата предлага продолжување на кризните состојби со топлинска и со електрична енергија
– Предлог одлуки за продолжување на кризните состојби со топлинска и со електрична енергија до 30 април годинава се усвоени денеска на седница на Владата и ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.
Предлог одлуките се во согласност со заклучоците, мерките и препораките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи што се усвоени на владината седница.
Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, до 30.4.2023 година.
Воедно, како што дополнуваат, прифатен е и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државава, до 30.4.2023 година заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.
Предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електричната енергија и за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, ќе бидат доставени на разгледување и одлучување до Собранието.
Ново на Сител
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
