Владата усвои материјали за регулирање на односите со Европската комисија
Владата на денешната 83-та седница на предлог на Министерството за внатрешни работи го разгледа и усвои Предлог-законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата, за посебните постапки за спроведување на финансиска помош од Унијата за земјава според Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).
– Рамковната спогодба за финансиско партнерство за ИПА III, претставува најважен акт со кој се регулираат односите помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија во спроведувањето на ИПА III, а произлегува од регулативи на Европската Унија кои треба директно да се применуваат по склучувањето и влегувањето во сила на оваа Спогодба, информира владината прес-служба.
Како што се наведува во соопштението регулативата за ИПА III има за цел да ги поддржи корисниците на ИПА III за донесување и спроведување на политичките, институционалните, правните, административните, социјалните и економските реформи што се бараат од корисниците со цел да се усогласат со вредностите на Унијата и постепено да се усогласуваат со правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата („acquis”), со цел членство во Унијата, придонесувајќи со тоа за нивната стабилност, безбедност и просперитет.
– Секретаријатот за европски прашања се определува како надлежен орган на државната управа што ќе се грижи за извршувањето на Рамковната спогодба, се додава во соопштението.
На денешната седница, Владата ја разгледана и усвои и Информацијата за Секторската спогодба помеѓу Република Северна Македонија, претставувана од Владата и Европската комисија за воспоставување на одредбите за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Северна Македонија од Инструментот за претпристапна помош во областа на соработка Земјоделство и рурален развој (ИПАРД III).
– Беше прифатен усогласениот текст на Секторската спогодба и притоа е овластен заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ, во име на Владата на Република Северна Македонија, да ја потпише истата. Со потпишување на Секторската спогодбата за ИПАРД III ќе се заокружи основната правна рамка за ИПА III, од особена важноста за областа Земјоделство и рурален развој (ИПАРД III), со што ќе се овозможи натамошно потпишување на годишните спогодби за финансирање, се додава во соопштението.
Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за потпишување на Договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија и општините, при што беше прифатен усогласениот текст.
– Договорите за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија и 23 општини ќе бидат потпишани од министерот без ресор задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи, информираат од владината Прес-служба.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници