-->
-->
Владина делегација им оддаде почит на борците кои го ослободија Скопје на 13 ноември 1944 година
-->
По повод одбележувањето на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје, владина делегација составена од министрите за правда Никола Тупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, им оддаде почит на загинатите борци кои придонесоа 13 Ноември да биде најзначаен датум во историјата на Скопје.
Владините преставници се поклонија и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје”, плато пред Владата.
-13 Ноември е денот кога се сеќаваме на херојството на борците кои се бореа за ослободување на Скопје. Нивните дела треба да бидат пример за нашите но и следните генерации кои доаѓаат. Да продолжиме да чекориме по патот на солидарноста и прогресот, а од Скопје да направиме модерна метропола, се наведува во соопштението од владината пес-служба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
-
Ватикан: Папата ноќеска добро се одморил
-
Францускиот лекар, обвинет за силување деца, призна дека правел „одвратни работи“
-
10 години не плаќал данок преку неговите 4 фирми, кривична за газда од Тетово