Владина делегација положи цвеќе на градските гробишта „Бутел“ по повод денот на АРМ
Владина делегација денеска на градските гробишта „Бутел“ положи цвеќе и им оддаде почит на великаните по повод денот на Армијата на Република Македонија.
- Делегацијата во состав Ленче Николовска, советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот Зоран Заев, Драган Јованов советник за екологија и Ивана Јордановска соработничка во Одделението за меѓународни односи при Секторот за комуникации, заедно со делегациите од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, делегација од Министерството за одбрана и делегацијата од Генералштабот на АРМ, положија венци со цвеќе па партизанските гробишта, како и пред вечните домови на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и на гробот на генерал Михајло Апостолски, соопшти владината прес-служба.
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски