Владиниот авион ги врати петмината исчезнати Чеси од Либан

Денеска попладне со специјалниот авион на чешката Влада беа вратени во земјата петмината Чеси кои минатата година исчезнаа во Либан, јави дописникот на МИА од Прага. Меѓу нив е вработен на Военото разузнавање, адвокат, преведувач и двајца новинари.
Чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки за порталот на весникот ,,Хосподарске новини" спомена дека Чесите биле ослободени во замена за тоа Чешка да не го предаде во САД, Либанецот Али Фајад.
Фајад, кој со меѓународна потерница од САД се бара за тероризам и трговија со дрога, се наоѓаше во притвор од 2014 година.
Американската амбасада изрази ,,шокираност" од одлуката на Прага и според амбасадорот Ендрју Шапиро таквата одлука ќе влијае на соработката на двете земји.
Иако се уште нема никаква потврда, Шапиро додаде дека покрај Фајад е ослободен и Халид ел Мараби и дека таквиот вердикт ќе ги окуражи терористите и криминалците во светот.
Двајцата Либанци, од кои едниот има украински пасош, а другиот од Брегот на Слоновата коска наводно веќе се наоѓаат на слобода.
И чешкиот министер за правда, Роберт Пеликан потврди дека е донесена политичка одлука да не се предадат на САД, двајцата затвореници.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
-

ЕУ одобри воведување санкции против Иран поради затворање на Ормуска Теснина
-

Муцунски од Шведска: Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западен Балкан
-

Приведени пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица, од кои двајца малолетници, возеле без дозвола
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
