Владините мерки ја намалија невработеноста во Дебар
Низата поволности кои се нудат со мерките на Владата за поттикнување на вработеноста, во Дебарско ја намалија невработеноста за околу 40 отсто. Во истовреме намален е и бројот на корисниците на социјална парична помош за околу 30 отсто.
Најголем успех во вработувањето во Дебарско прокнижи проектот „Македонија вработува“. Врз основа на поволностите кои ги нудеше Проектот, за една година, во општините Дебар и Центар Жупа, се реализирани 306 вработувања.
Ова го потврди Афет Авмедоски, раководител на Дебарскиот центар за вработување, кој со својата активност ги покрива двете општини. Имајќи го предвид фактот дека станува збор за две мали општини, посочи тој, остварената бројка е повеќе од задоволителна.
- Остварената бројка е за секаква почит. Двете општини се мали и недоволно развиени, а бројките на нововработени со владините мерки од Оперативниот план за вработување се повеќе од задоволителни, рече Авмедонски.
Вработените со проектот „Македонија вработува“ се од сите пет целни групи и не го кријат задоволството од оваа поволност на Владата, особено повозрасните, кои, како што велат, изгубиле надеж дека повторно некој ќе ги земе на работа.
- Десеттина години бев без работа. Имам 56 години, сега се вработив во трговски дуќан. Презадоволен сум од оваа мерка на Владата, зашто бев ниту на небо ниту на земја, немав ниту доволно години стаж за пензија кога ќе дојдеше време, изјави Пајазит Пајазити од Дебар, кој има само 12 години работен стаж.
Раководителот на Центарот, Авмедоски како задоволителни ги наведува и бројките реализирани според мерката за самовработување со неповратен грант, како и мерката субвенционирано вработување.
- Со оваа мерка, во изминатите пет години, остварени се 250 директни вработувања и уште најмалку 70 други. Отворените фирми дури 90 отсто и натаму успешно работат. Главно станува збор за фирми од градежните струки, потоа трговски дуќани, стоматолошки ординации, фризерски и берберски дуќани. Со мерката субвенционирано вработување остварени се 70 вработувања, како и уште најмалку 60 со другите мерки, истакна Авмедоски, изнесувајќи го податокот дека бројот на невработените е намален за околу 40 отсто.
Еден од многуте кои ги искористиле владините мерки е и Ќамил Абески од селото Броштица.
- Најпрво ја исползував мерката за самовработување со неповратен грант. Отворив градежна фирма и вработив неколку лица. Потоа преку „Македонија вработува“ вработив уште две лица. Благодарение на владините мерки го решив не само моето прашање за егзистенција,туку и на други лица. Добро работам, па планирам и нови вработувања, рече Абески.
Со цел детално да им се објаснат поволностите од владините мерки, во Центарот за вработување во Дебар редовно се одржуваат средби со невработените и работодавачи, што, според Авмедоски, е начин кој е добро примен од нив, бидејќи непосредно се запознаваат со сите поволности и обврски.
- На ваквите средби и невработените и работодавачите покажуваат голем интерес. Освен средбите во работниот клуб на нашиот Центар, нашите вработени реализираат средби и во општина Центар Жупа, каде исто така има голем интерес. Со ваквите средби продолжуваме и понатаму, додаде Авмедоски.
Решениот статус на вработен го намали за околу 30 отсто и бројот на корисници на правото на социјална парична помош. Податоците добиени од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, кој ги покрива двете општини, потврдуваат дека ова право сега го остваруваат околу 700 корисници, наспроти над 1.000 колку што ова остварувале на крајот на 2014 година.
Ново на Сител
-
Синер го одбрани трофејот на Австралија Опен
-
Обемен струк значи поголема опасност од рак
-
„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси С25“, „С25+“ и „С25 ултра“ паметни телефони
-
70 годишен кумановец натепал помлад сограѓанин пред казино
-
Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
-
На вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лица
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора
-
Македонска вечер во Хамбург од хуманитарен карактер за изградба на нова црква