Властите на Мисисипи одобрија вооружена заштита на црквите
Гувернерот на американската сојзуна држава Мисисипи, Фил Брајант синоќа го потшиша законот со кој на црквите им се овозможува да имаат вооружено обезбедување, кое ќе ги штити верниците од насилство.
Контроверзниот законски акт, кој е стана познат како „Закон за заштита на црквите“ беше усвоен од страна на државниот Конгрес на Мисисипи, по инцидентот од јуни минатата година, кога вооружен напаѓач уби девет верници во една црква во градот Чарлстон во сојузната држава Јужна Каролина.
- Црквите залужуваат да бидат заштитени од оние кои може да им наштетат на верниците, изјави гувернетор републиканец Брајант.
Со законот на жителите на Мисисипи, кои законски поседуваат оружје, им се овозможува него да го носат на јавни места во футроли. Досега жителите на Мисисипи можеа да носат оружје во јавност, но тоа мораше да се наоѓа во ранци или торби и да не биде видливо.
Како што јави ТАСС, со ова, Мисисипи стана деветта американска сојзуна држава која овозможи јавно носење оружје.
Ново на Сител
-
Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“
-
Заборави на рата, фиксирај со плата – Нов кредит до 300.000 денари во „ФЛЕКС КРЕДИТ“
-
Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН
-
Сител Телевизија вработува новинар во веб редакцијата
-
Електронско аплицирање за ученички стипендии до 15 октомври
-
Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците
-
Мицкоски: Првата половина од автопатот Кичево - Охрид ќе биде пуштена во мај
-
Од денеска намалени цените на пет патарини во Грција