Властите во Пекинг ја засилија безбедноста откако странски амбасади алармираа за можни закани
Властите во кинеската престолнина ги засилија безбедносните мерки во трговски кварт што е популарна дестинација меѓу странските туристи, откако неколку амбасади ги предупредија странците за можни безбедносни закани, пренесоа американските медиуми.
Американската, британската, француската и други амбасади соопштија дека примиле информации дека за време или околу Божик се можни закани врз западни државјани во квартот Санлитун и ги предупредија своите сонародници да бидат внимателни.
Во реонот, во кој има многу ресторани, продавници и ноќни клубови, распоредни се вооружени полицајци.
Пекингшката полиција информира дека прогласила жолт степен на безбедносна тревога за да го гарантира мирот за време на божиќните празници.
Според пекингшките безбедносни процедури таквиот степен на тревога се издава при добиени безбедносни закани или при откривање на сомнителни експлозивни направи. Властите вообичаено прогласуваат „жолта“ тревога за време на празници.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК