ВЛЕН: Со ДУИ нон грата, здраството беше во „клиничка смрт“
Партиjата нон грата ДУИ, оваа лоша копија на Груевски, во својот очај како изолирана партија, ги користи и најболните случаи само за да го нахрани сопственото гнасно его.
Станува збор за истата партија која поради својата корумпираност предизвика смрт на 14 граѓани во модуларната болница во Тетово. Ова е истата партија која две децении држеше во неизвесност илјадници здравствени работници, држејќи ги на привремени договори и користејќи ги како изборни алатки.
Но, со Таравари задолжен за здравство, оваа срамна практика завршува! Завршува нивната неизвесност, почнувајќи од систематизацијата на над 1.000 здраствени работници!
Фактите не лажат. Откако ВЛЕН ја презеде одговорноста за здраството, работите почнаа да се менуваат. За прв пат по 15 години е ажурирана позитивната листа на лекови, со што се олеснува товарот на илјадници пациенти. Само годинава, благодарение на заложбата на министерот Арбен Таравари, се примени 300 нови специјализанти, а следната година ќе бидат примени уште 300.
Знаете ли како беше Детската клиника кога ДУИ нон грата беше на власт? Вистинска катастрофа! Без основна опрема, со нехумани услови и уништени кујни. Но, само шест месеци новиот директор Реџеп Мемеди со незапирлива работа ја крева Клиниката на нозе.
ДУИ нон грата го остави здравството во “клиничка смрт“, но сега се враќа во живот, благодарение на посветеноста и визијата на Таравари.
Граѓаните ја видоа разликата, тие што уништуваат и тие што градат.
ВЛЕН
Ново на Сител
-
Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице
-
Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата
-
Студентите на Правниот факултет во Скопје после 15 години го промовираа првото стручно списание
-
Сообраќајка пред влезот на Влае, се судриле три возила
-
Инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда ќе биде соодветно казнет, велат од Општина Ѓорче Петров
-
Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи по колење
-
Сите основни училишта во државава ќе добијат примерок од македонскиот Правопис
-
МВР: Секторот за компјутерски криминал презема мерки за истраги и справување со „фишинг“ - напади