ВЛЕН во центарот на Дебар му оддаде почит на Андреј ДНК
Во центарот на Дебар, на плоштадот „Скендербег" вечерва членови и приврзаници Коалицијата ВЛЕН оддадоа почит на Андреј ДНК, кој загина во пожарот во Кочани.
- Со длабока болка ја примивме веста за трагичната загуба на нашиот дебарски син Андреј Ѓорѓиевски, живот неправедно згаснат во трагедијата во Кочани. Заедно, со болка и почит ќе се сеќаваме на нашиот син, нашиот голем човек и уметник, кој повеќе не е меѓу нас, рекоа од коалицијата.
Околу поставената фотографија на Андреј тие положија црвени рози и напишаа „Дебар тагува за својот голем човек, уметник, хуманитарец".
- Изразуваме искрено и длабоко сочувство до неговото семејство и до семејствата на сите жртви од трагедијата во Кочани, до пријателите, цел Дебар и цела Северна Македонија. Со мислите сме со сите нив и се молиме ваква трагедија да не се повтори никогаш и никаде, рекоа од ВЛЕН.
Андреј Ѓорѓиевски беше роден 1982 година во Скопје, но родителите живееја во Дебар, каде тој го мина своето детство.
Ново на Сител
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани
-
Манев: Палчо запали цигара откако ја закопавме Вања, ги чистеше лопатите со спреј за да прикрие траги
-
Приведени 7 полициски службеници