ВМРО-ДПМНЕ: 2019 е економски најлоша година
Лицемерно е во ден кога ОН излегуваат со податок дека половина милион граѓани во државата немаат постојан пристап до храна и гладуваат Зоран Заев да вели дека годинава била економски успешна.
Да не беа добрите економски политики на претходната влада кои донесоа десетици инвестиции Зоран Заев ќе немаше денес со што да се фали.
2019 е економски најлоша година. Оваа година Заев ја заокружи со 300 милиони евра задолжување во само еден ден.
Оваа година за првпат јавниот долг достигна 5 милијарди и 700 милиони евра.
Годинава имаме рекордно ниско ниво на странски директни инвестиции, три пати помалку од лани.
За разлика од Заев, Стево Пендаровски не мисли дека годината е добра, ниту дека блескаме, тој јавно призна дека доколку не е претседател би си заминал од државата.
Ниту годината е економски успешна, ниту блескаме. Граѓаните секојдневно ја гледаат зарѓаноста на економијата во сивото секојдневие.
Лошата економска политика мора да запре. По 12 април следува обнова на Македонија и јакнење на економијата.
Ново на Сител
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Русија ќе се брани со нуклеарно оружје доколку е цел на ракетен напад, Путин потпиша декрет
-
Диди потплатил сведок, најдени лични белешки