ВМРО-ДПМНЕ: Аферата Рекет го наруши меѓународниот углед на земјата
Криминалнта влада на Зоран Заев и СДСМ ја потона Македонија во афери и корупција.Сите светски медиуми наместо за нови достигнувања пишуваат за Македонија како за мека на криминалот, рекетот и корупцијата.
Аферата Рекет која власта се обидува со сите сили да ја заташка со помош на нејзините пипци во ЈО го наруши меѓународниот углед на земјата.
Дополнително аферата Рекет 2, која сега излегува на површина исто така постојат обиди од власта да се минимизира.Властите наместо да реагираат и да го расчистат случајот организираат бледи пресконференции за одбрана на криминалот.
Рекет е само кулминација на сиот криминал кој се случува со години во Македонија под водство на Зоран Заев.
Три години нема бизнис кој не е изрекетиран. Јатаците на Заев прават ршум низ Македонија.
Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски се уште е на слобода, а има сомнеж за сторен криминал од 1.8 милиони евра.
Истрага нема ниту за сомнителната распределба на пари преку Фондот за иновации, ниту пак за епидемијата на непотизам.
Постојано се појавуваат некој нови криминали.Криминал прави секој функционер на власта, на сите нивоа на истата.
Оваа криминална влада мора час поскоро да си замине. СДСМ мора да си оди. Потребни се предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево

