ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети да си провери во орманот каде има диво приклучен кабел за струја

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на критиките кои ги упати лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во контекст на фотографијата која пред половина година покажа сомнително орманче во неговиот дом од кое излегува продолжен кабел за струја.
„Секогаш кога Али Ахмети сака да се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја фали иницијативата на Србија Отворен Балкан каде Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а секогаш кога треба на Ахмети и Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК и Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и збори за Косово.
Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција.
Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот краде највеќе.
И колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен. Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши, до милионски тендери за РЕК на Ковачевски кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и СДСМ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од закон, кои се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија“, гласи реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Али Ахмети во септември објави фотографии како се попишува во својот дом. Порталите потоа на истите фотографии забележаа сомнително орманче од кое излегува кабел за струја.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
