ВМРО-ДПМНЕ: Ако власта домаќински работеше ќе се спречеше зголемувањето на цената на струјата
Состојбата со енергетиката во Македонија е катастрофа поради криминалот на власта. Домашното производство на струја во време на антимакедонската СДС е намалено за 3 терават часови, а неопходните количини граѓаните и стопанството скапо го плаќаат од увоз.
Македонските фирми сега плаќаат и до 800 евра за мегават-час, што е поскапо од сите компании во регионот, а енергетски капацитети во моќност од 400 до 500 мегавати стојат неискористени. Доколку власта домаќински и одговорно работеше ќе се спречеше покачувањето на цената на струјата во јули и немаше да дојде до најавеното ново покачување во декември.
Но власта предводена од антимакедонската СДС реши да го полни џебот на трговците со струја и да прави милионски штети на буџетот. Заради ваквото работење државните енергетски компании станаа загубари, а поради високите цени граѓаните и стопанството се донесоа до питачки стап.
За ваквата кражба која ја спроведува власта мора да има одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен