ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да покрене истрага за вмешаност на Зоран Заев во „Рекет“
И после неколку дена од завршните зборови на првообвинетиот во случајот „Рекет“, а во врска со потребата од вештачење на неговиот мобилен телефон кој јасно посочи на комуникација со Зоран Заев, се уште имаме молк од Јавното Обвинителство.
Среде судница, за најголемата криминална рекетерска афера посочено е на постоење на пишана порака на мобилен телефон од 16-ти април минатата година, во која Зоран Заев од позиција на премиер на Република Македонија, на првообвинетиот му порачува: „Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите“. Од ова, јасно може да се заклучи дека обвинителството смислено не ги вештачело мобилните телефони на првообвинетиот во случајот „Рекет“.
Основно право и должност на Јавниот Обвинител е да ги гони сторителите на кривичните дела. Како орган, јавното обвинителство е должно да обезбеди еднаквост на граѓаните пред законот во вршењето на својата функција и на тој начин да го зачувува и штити јавниот интерес. Дали во конкретниов случај, и покрај јавно искажаните наводи од првообвинетиот кои се сметаат за допрениот глас, Обвинителството не сака да покрене истрага за можна вмешаност на Зоран Заев во оваа најкриминална афера, посебно што се работи за човек кој бил премиер по функција и згора на се, и повторно претендира за истата функција, или не?
Дали Обвинителството и институциите имаат двојни аршини и стандарди во борбата со криминалот, дали Обвинителството едни граѓани ги штити и ги смета за подеднакви меѓу еднаквите? Законите во Република Македонија важат подеднакво за сите без оглед на политички статус и без разликување по ниту една основа?
Ние не правиме компромис со криминалот, и македонскиот народ не сака компромис со криминалот. За жал, со Зоран Заев и СДСМ добивме криминал, сиромаштија и срам.
Апелираме и го охрабруваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да постапи согласно своите надлежности и должности за разоткривање на криминалот и корупцијата. Уште еднаш го повикуваме ЈО да излезе од пупката на Заев и да спроведе сериозно истрага по наводите искажани во судница за најкриминалната афера во Република Македонија, каква не се памети.
Одговорност мора да има.
Прес-конференција на Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
-
ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди