ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ и останатите партии да се изјаснат во врска со Декларацијата за Гоце Делчев

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара СДСМ и останатите политички партии да се изјаснат во врска со Декларацијата што партијата ја поднесе во Собранието по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Декларацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, „треба да го отслика единството и обединувањето на политичките партии во македонското Собрание, но исто така и единството на целокупното македонско општество околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна држава Република Македонија“.
-Сакаме да потенцираме дека иако на денот на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ние ја најавивме оваа Декларација и таа веќе е поднесена до Собранието, досега три дена молк од СДСМ, како и од останатите политички партии во Македонија. Ја користам оваа прилика да ги повикам СДСМ, како и останатите политички партии во македонското Собрание да се изјаснат со официјален став по повод на оваа значајна Декларација и да покажат дека ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот и тоа како заслужува да се донесе ваква декларација токму во законодавниот дом со што сите заедно ќе ја покажеме нашата заедничка почит кон оваа централна личност од македонската историја, рече на прес-конференција во Собранието пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.
Според неа, само со единство, достојно почитување, достојно прославување и одбележување на дострелите на нашите претци од минатото можеме дополнително да ги зајакнеме демократските темели на државата и на македонското општество.
-Ајде сите заедно да се обединиме и да ја донесеме оваа декларација по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да покажеме дека за вакви важни значајни ликови од нашата историја знаеме да бидеме единствени и обединети, рече Василевска.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
-

Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум
-

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата
-

25-годишна девојка од Гостивар нападнала полицаец
-

Двајца Украинци нападнати во Центар по недоразбирање околу резервација за сместување
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
