ВМРО-ДПМНЕ бара уште 30 дена за сослушување експерти и носители на јавни функции за Онкологија
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе предлог - одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, со која се бара продолжување на рокот за дополнителни 30 дена за сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции.
- Досега се сослушаа повеќе од 50 лица, поранешни и сегашни министри и заменици, директори, раководители на сектори, вработени во надлежните институци и тоа Министерство за здравство, ФЗО, „МАЛМЕД“, ДСЗИ, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Во процесот на сослушувањето на овие лица, се појавија нови и важни факти и околности за Анкетната комисија, што можат да придонесат до конечното утврдување на прекршување на уставните и законските одредби, како основ за утврдување на политичка одговорност, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Анкетната комисија Рашела Мизрахи.
Дополнително, додаде таа, во текот на изминатите денови беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои, како што посочи, може да се заклучи дека станува збор за „основано сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата“.
- Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија и информациите што беа дадени од досега сослушаните лица, ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата во делот на повикување на носители на јавни функции, раководни лица во институциите и да се прошири опфатот на периодот, на кој таа се однесува вклучително и периодот од април 2023 година на што се однесува извештајот на ФЗО. Заради ова, ја поднесуваме оваа одлука со што Анкетната комисија ќе има дополнителни 30 дена за да повика и други засегнати институции и експерти, рече Мизрахи.
Таа ги повика парламентарното мнозинство и сите останати партии од опозицијата, како што рече, доколку навистина сакаат вистината да излезе на виделина, да го поддржат овој предлог.
Нова седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија е закажана за понеделник, 13 ноември.
Ново на Сител
-
ДЗР: Слабостите во управувањето со здравствените услуги и лекови создаваат финансиски и оперативни предизвици во Клиниката за дерматологија
-
На 20-годишникот кој усмрти девојка кај „Силбо“ ќе му се испитува крв и урина, издадена наредба за обезбедување на снимки
-
Куче спречи натпреварувач во уметничко лизгање да се качи во урнатиот авион во САД
-
Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии
-
Ѓорческа елиминирана од првата носителка на турнир во Франција
-
Италијански регулатор бара од кинескиот Дип Сик одговори за користење лични податоци
-
ЛШ: Милан загуби од Динамо и пропушти пласман во Топ 8, прв пораз на Ливерпул
-
Историско полуфинале за Португалија на ракометниот Мундијал 2025