Македонија
13. February 2022 - 18:32

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме одговорност од власта зошто снема струја во моментите кога Мицкоски даваше отчет

Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија.

Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор.

Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја?

Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија.

ВМРО-ДПМНЕ