ВМРО-ДПМНЕ: Брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица
Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица.
ЛДП, ДОМ и ДС да не се кријат зад криминалните интереси, туку еве понуда за една изборна единица. Еве понуда да ја напуштат владата и да прифатат избори.
Единствено важно за државата е излез од 4 кризи во кои ја втурна оваа гарнитура на СДСМ и ДУИ, и тие не се решение за тие кризи.
До решавање и справување со кризите ќе дојде само со нова влада по спроведени парламентарни избори.
Доколку пречка за СДСМ или ДУИ е техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара да дојде до промени во изборниот законик, но и за помалите партии кои како несогласување со СДСМ и ДУИ го посочија проблемот за една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара по овие прашања, ако тоа гарантира предвремени избори, кои ќе бидат решение за проблемите и кризите
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница