ВМРО-ДПМНЕ: Царовска насила спроведува промени, учениците сакаат хартиени учебници, не ги дискриминирајте децата!
Да имаше Мила Царовска барем малку чувство за потребите на сопствениот народ, ќе прошеташе меѓу него и ќе разбереше дека насилната реформа, која ја спроведува во образованието е осудена на пропаст. Наместо тоа, таа повторно не најде време да се соочи со претставниците на околу 75000 родители.
Дигиталните учебници без хартиен учебник е неприфатлив за поголем дел од населението, иако само 75000 се осмелиле, во тоталитарниот режим, да го обзнанат своето мислење. Оние кои немаат дигитални уреди и припаѓаат на ранливите категории нема ни каде, ни кому да се обратат.
Дополнително, не се слуша ни гласот на учениците. Тие бараат, децата бараат, хартиени учебници и настава во училиштата со физичко присуство. Тие самите се повеќе свесни за социјалната разлика која се создава со ваквиот непромислен проект. Тие самите се борат за знаење, додека арогантната министерка упорно натура свои идеи.
Министерке, наместо ароганцијата и игнорантност покажете барем малку сочувство. Ќе биде покорисно за образованието.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања
-
Одржливо управување со отпадот на локално ниво - проект финансиран од Шведска
-
Охрид поголем наплив на гости очекува за Велигден
-
Преглед на вестите од светот