ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
Партиите нои ќе ја формираат идната Влада ги заземаат стартните позиции во преговорите за поделба на властa. Но,na претходно објавените неофицијални информации од Сител реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат:
„Демантираме дека е направена било каква распределба на ресори во идната влада. Во целост се неточни информациите објавени на Сител телевизија и замолуваме да се воздржи медиумот од предвремено лиферување на информации, со оглед на тоа што пред само неколку часа Коалицијата Твоја Македонија го овласти претседателот Мицкоски да преговара за составување на идната владина коалиција. Процесот ќе биде транспарентен и поради точноста на информациите замолуваме да се запазува на нивната веродостојност“, стои во демантот испратен од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно
-
Мицкоски: Владата потврди 270 општински проекти за кои ќе се вложат 4 милијарди денари
-
Во Велес утре Ден на жалост поради сообраќајната несреќа во Катланово
-
Таравари очекува од директорите на клиниките да преземат мерки за починатото бебе
-
Пратениците од албанската опозиција се судрија со обезбедувањето на влезот во Собранието
-
Со мотор удри во паркиран автомобил -Тешко повредена малолетничка во Кавадарци
-
Тешко повреден работник во компанија во Кавадарци
-
Таравари: За законот за правична застапеност повторно ќе ангажираме експерти со „сенс“ за оваа работа