Македонија
22. April 2022 - 13:24

ВМРО-ДПМНЕ: Димовски и Ковачевски симулираат социјален дијалог

Омилениот синдикалец на Kовачевски, Дарко Димовски и Ковачевски решија да симулираат социјален дијалог, а во суштина да ги саботираат легитимните барања на СОНК и КСС, ова е уште еден пример како се убива правото и вистината и како се газат правата на наставниците и работниците.

На наставниците и просветниот кадар не им требаат трошките кои ги фрла омилениот синдикалец на власта, туку вистинско покачување согласно Колективниот договор во образованието.

Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник.

Истото тоа го имаме и во основните училишта, ако започнеме со општ работник кој што има коефициент еден и досега имал минимална плата 15.200 денари сега ќе има 18.000 денари. Тогаш соодветно надоле и хигиеничар, и перачка, сервирка, садомијач, ложач , ракувач на парни котли, возач и така натаму, па се до наставник приправник и наставник платите ќе бидат зголемени односно наставник приправник наместо досегашните 22.764 денари.

Во средните училишта од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари.

Ова беше опфатено и во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, кои СДСМ ги одби, а се права кои ги следуваат наставниците.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ