ВМРО-ДПМНЕ: Дивоградба хациенда од 160 м2 се поврзува со Груби, обвинителството сериозно да се позанимава со овој човек
Артан Груби бега од одговори за најновиот скандал во кој е вмешан. Имено се работи за дивоградба хациенда од 160 м2 која без одобрение и без соодветни документи почнал да ја гради неговиот братучед во Бутел, а според нервозата на Артан Груби не би не зачудило и самиот тој да стои зад овој нелегален објект.
Од страна на општината сопрена е изградбата на овој објект и соодветно е постапувано со цел да се спроведе законот. Еден криминал е сопрен, а тој криминал тесно се врзува со Артан Груби. Фатен во тесно Груби веднаш посега по етничка карта, веднаш почнува со лаги и манипулации, но тоа не поминува. И Македонците и Албанците и сите останати го прочитаа веќе. На тие приказни никој не им верува. Сите го видоа лицето на Груби, видоа дека се работи за човек кој ги злоупотребува чувствата на Албанците исто често колку што ја злоупотребува и позицијата на власт.
На скандалите и сомнежите за криминал со кои се врзува Артан Груби им нема број, но мора да им се стави крај. Обвинителството треба сериозно да се позанимава со работата на овој човек, затоа што ако сме правна држава ваквите ликови како Артан Груби дебело одговараат пред институциите на системот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“
-
ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална