ВМРО-ДПМНЕ: Фарбањето на судот обид за заплашување на судиите

ВМРО-ДПМНЕ смета дека синоќешното фарбање со боја на зградата на судот во кој треба да се судат случаите за барањето поткуп и за случајот „Пуч“ во кој осомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев е обид да се заплашат судиите да одлучуваат согласно законот.
- ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува обидите на аболицираниот криминалец Зоран Заев преку напади и закани врз судот да изврши притисоци и да ги заплаши судиите да одлучуваат согласно законот. Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос е резултат на желбите на аболицираниот криминалец Зоран Заев да бидат заплашени судиите кои треба да го судат за барањето поткуп и за случајот „Пуч“, порачувајќи им дека дивите орди кои се под негова команда ќе дејствуваат секогаш кога ќе биде донесена одлука што не е по негова волја, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што се посочува во соопштението, „аболицираниот криминалец Зоран Заев се плаши и треба да се плаши дека правдата ќе го стигне“.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат притисоците и нападите врз судот да престанат, а членството на СДСМ да се дистанцира од неразумните чекори на Заев.
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
