ВМРО-ДПМНЕ: Филипче забрани одмор за лекарите, а Рашковски и Николовски лудуваат во Мексико и Дубаи
Според Венко Филипче медицинските лица кои гинат во борбата со КОВИД-19 пандемијата имале многу работа и не смееле да земат ниту слободен ден, ниту одмор.
Во исто време неговите колеги од владата се шетаат низ светот на монденски дестинации и трошат од парите на граѓаните на Република Македонија.
Очигледно е дека според Филипче, министерот за корупција Љупчо Путер Николовски нема многу ангажмани во моментот и наместо да истражува профитерство во набавката на вакцини, добро е да се луксузира во Дубаи и да мачка путер на очите на граѓаните.
Според Филипче очигледно и Драги Рашковски кој со народни пари купил софтвер кој самиот го направил исто така нема многу ангажман, освен веројатно да ги троши парите од граѓаните во луксузни хотели во Мексико.
Во меѓувреме црните КОВИД статистики, фактите дека немаме набавено вакцини и дека сме последни во светот според справувањето со КОВИД пандемијата се јасен показател дека и Филипче нема многу ангажман па му препорачуваме да земе траен одмор од местото министер и да се подготви не за одмор, туку за одговорност.
Патем, Филипче ја лажеше јавноста кога кажа дека ризик постои само за патници од Африканскиот континент. Еве извештај од американска агенција со препораки да не се патува во Мексико бидејќи е високоризична земја во КОВИД пандемијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
