Македонија
29. September 2019 - 14:23

ВМРО-ДПМНЕ: Фирма блиска до Заеви со ископирана идеја добила грант од ФИТР

Фондот за криминални иновации на СДСМ им служи како приватна фирма единствено за испумпување пари.

Заеви и СДСМ преку Фондот за криминални иновации испумпаа над 10.5 милиони евра пари на граѓаните.

Фирмата „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ СТРУМИЦА блиска до Заеви добила грант од 220.000 евра, но она што е скандалозно е дека апликацијата за рекламирање на фирми преку автомобили, за која се доделени овие 220.000 евра, е замислете ни помалку ни повеќе, украдена и ископирана. И како идеја и како интерфејс самата апликација.

Апликацијата и идејата се ископирани и украдени од американска фирма која е оперативна и функционира од пред 2015 година. Тоа може да се види и на овие слики тука.

Затоа прашуваме, што е иновативно во оваа украдена идеја за да се доделат 220.000 евра? СДСМ е иновативна единствено во крадењето.

Ова не е прв случај да додели Заев на негови блиски стотици илјади евра за украдена апликација.

СДСМ и Заеви се уште молчат за сопствеништвото на фирмата Еленица во периодот кога фирмата „ПауерАД“ аплицирала за грантот.

Да потсетиме дека фирмата е отворена на 09 февруари 2018 година.

Повикот за аплицирање е објавен на 24 април истата година.

А, јавниот повик траел до 11 јуни 2018.

Заеви со „Еленица“ излегуваат од фирмата и му ја оставаат на актуелниот сопственик на 7 август 2018 кога во ек е најголемиот скандал со криминалните иновации.

Почитувани,

Одговорност мора да има за се ова што се случува, и одговорност верувајте дека ќе има.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ