ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка од СДС пијан тепал полицаец

Градоначалникот на Крива Паланка од СДС пијан тепал полицаец, Ковачевски наместо да го штити треба да го повика да си даде оставка
Граѓаните со градоначалниците на СДС наместо проекти добиваат насилство и закани.
Имено, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски наместо да создава подобри услови за живеење на граѓаните, тој тепа и напаѓа свои сограѓани по улици.
Градоначалникот Сашко Митовски на 14-ти јануари во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаква причина. А, по инцидентот, биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство за да ја повлечат пријавата против градоначалникот Митовски.
Уште пострашно е тоа што, овој невиден скандал СДС се обиде да го заташка, наместо веднаш да побара оставка и одговорност од нивниот сопартиец. По сторениот скандал градоначалникот Митовски не е достоен на функцијата што ја има како градоначалник, тој веднаш треба да си поднесе оставка.
Ова не е само обично насилство, бидејќи е направено од човек кој ја користи моќта која му ја дава функцијата за да ги напаѓа своите сограѓани.
СДС и нивниот сопартиец Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не се плаши на шерифувањето и заканувањето на СДС.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
