ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на 11-ти декември ставија крај на деструкцијата и велепредавствата на СДСМ
Граѓаните на 11-ти декември ја дадоа својата поддршка за излез од кризата и гласаа за проекти, реформи и развој и ставија крај на деструкцијата и велепредавствата кои ги промовираше СДСМ како нивна политика, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конфернцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Република Македонија, додаваат, нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада.
Според партијата, Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и игнорирал Уставот и законите на Република Македонија.
Од ВМРО-ДПМНМЕ во реакцијата додаваат дека политичката кариера на аболицираниот Зоран Заев заврши на 11-ти декември и дека најгласната порака што ја испратија граѓаните е дека тој мора да одговара и за барањето поткуп, и за велепредавство и за сите криминални тендери за кои се врзува неговото име.
Ново на Сител
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава