ВМРО-ДПМНЕ: Иднината која ја нуди СДСМ веќе ја видовме
Иднината која ја нуди СДСМ веќе ја видовме, таа се вика криминал, хедонизам и аболицирани политичари.
Иднината за која збори СДСМ се криминални иновации каде народни пари се претураат во фирмите на вицепремиерот, пратеници од власта, советници на премиерот. Иднината која ја нуди СДСМ се крвави тендери во здравството тешки десетици милиони евра, државни бизниси за семејството на премиерот и неговите роднини, хедонизам изразен во прошетки на ручеци со државни армиски хелихоптери.
Иднината која ја нуди СДСМ се вика криминал, очај и апатија. СДСМ не ја однесе државата во ЕУ, и има само условена покана за НАТО, но затоа донесе штетен договор за името со кое се гази достоинството, честа но и идентитетот на нашата земја и народ. Растечката корупција е нотирана и од Европската Унија. Нема сомневање дека криминалци ја водат државата. Со Зоран Заев и неговите луѓе нема иднина Македонија.
Ново на Сител
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата