ВМРО-ДПМНЕ: Им забрани ли Радев на Ковачевски и СДС да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена помпезно ја најавуваа?
Димитар Ковачевски и СДС се самоцензурираат.
И по месец дена откако најавија некаква Декларација за Илинден за заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ, ниту Ковачевски, ниту СДС збор не изустиле што содржи истата и кога ќе ја поднесат.
Им забрани ли Румен Радев на Ковачевски и владата на СДС и ДУИ да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена наназад помпезно ја најавуваа?
До каде е и што содржи таа Декларација?
Зошто Ковачевски и СДС се уште не ја поднеле и од што се исплашија?
Уште еден неуспешен обид на владата на СДС и Ковачевски да се претстават пред граѓаните како некакви заштитници на македонскиот идентитет, јазик, историја, народ, култура и традиција.
Ковачевски и СДС се откажаа од се што е македонско и се најголемите предавници на сопствениот народ и држава.
Никој не го поддржува Ковачевски, СДС и ДУИ.
Владата на СДС и ДУИ нема двотретинско мнозинство за уставни измени и затоа повикува на консензус. Но, единствено им е важен консензусот за ден повеќе да крадат.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Консензус за уставни промени нема. Консензус е можен само за одржување на предвремени парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведена 22-годишна жена во Тетово барана по централна потерница
-
Дамева и Чачарова Илиевска од Судскиот совет ги разгледуваат интерпелациите и ќе се изјаснат со свој став за нив
-
ЗНАМ за патните трошоци: Досега не сме наплаќале, ќе ги игнорираме сите предлози на Левица чија единствена цел е популизам
-
Дрогата ја чувал под седиште во мотор, уапсен 24 годишник во Карпош
-
Брнабиќ: Наскоро ќе има предлог за измена на Законот за високо образование
-
Британија се стреми да застане на чело на НАТО во Европа
-
ФБИ пронајде нови документи за атентатот на Кенеди по наредбата на Трамп за нивно објавување
-
Усмртен пешак на магистралниот пат Гостивар-Кичево