ВМРО-ДПМНЕ: Импровизацијата со Концепцијата продолжува, учебници нема, наставниците се соочуваат со хаос
Да ве потсетиме:
1. Случајно или не, Концепцијата за основно образование ги изненади сите и не ги консултираше клучните институции и професионалци, туку само одредени таргет групи и одредени професионалци. Но, навреме беше разоткриена и беше адекватно реагирано. Тогаш беше и укинат предметот Историја и беше заменат со предметот Општество, за под притисок на јавноста подоцна да го добие името Историја и општеството кое случајно е многу слично со бугарскиот предмет Историја и цивилизации.
Сѐ случајност до случајност или како што љуби еден од творците на Концепцијата да каже ,,сѐ е импровизација".
И точно во нашиот образовен систем има многу импровизации кои се создадоа со појавата на некои ликови во образованието, а кулминираа со донесувањето на Концепцијата за основно образование без пред тоа Секторот за истражување во образованието од БРО да направи соодветно истражување. И тука се враќаме повторно на импровизацијата.
2. А импровизацијата служи откако скапо ќе се наплатат Концепцијата, разните прирачници, упатства, материјали за учење и слично и откако ќе помине некое време и ќе се подзаборават работите истите стручњаци кои ја правеле концепцијата да направат нови импровизации, нова Концепција.
Секако и новите скапо ќе ги наплатат, но овие ќе бидат повеќе ,,по мерка на детето” од претходните. И сѐ така до недоглед. Затоа и нема учебници туку материјали за учење, од учесниците не може, а од материјалите за учење некој од раководство на БРО може да се офајди.
3. Со дел од наставните содржини во 5 одделение има содржини кои наставниците од одделенска настава не се обучени да ги предаваат и истите досега ги предавал предметен наставник по Историја.
За жал, потрошените средства нема да се вратат, но вистински реформи ќе има, ама и одговорност ќе има!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова помилува десет осуденици
-
Штрајк на наставниците во Грција
-
Претреси во Битола и Македонски Брод, пронајденo оружје и муниција, лишени од слобода две лица
-
Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа