Македонија
9. October 2021 - 10:07

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата со најава да расте, цените скокаат, а Заев лаже дека се е во ред

Инфлацијата со најава да расте, цените скокаат, а Заев лаже дека се е во ред.

Цените на основните продукти во последната година дена се зголемени и до 20% при продажба на мало, тоа не треба да го кажат некакви истражување, тоа го чувствуваат и гледаат граѓаните секој ден.

Гувернерката на НБРМ спротивно од Заев за кого се е розево предупреди на можно зголемување на инфлацијата, а производителите предупредуваат на покачувања на цените и до 50% во малопродажба.

Заев е виновен за ценовната спирала и шок кој не очекува, и за да се амортизираат ефектите мора итно да се делува. ВМРО-ДПМНЕ во минатото во 2007 и 2008 година се справи со таква опасност кога цените насекаде во светот скокаа, но не дозволивме нашите граѓани да го почувствуваат тоа. За разлика од тогаш, сега Заев не е способен да ги заштити граѓаните, а ефектите ги чувствуваме сите.

 

Ценатр за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ