Македонија
15. October 2015 - 17:17

ВМРО-ДПМНЕ издвојува голема победа за македонската дијаспора

ВМРО-ДПМНЕ извојува голема победа за македонската дијаспора. И покрај напорите на СДСМ иселениците да ја загубат можноста да влијаат на политичките случувања во својата татковина, владејчката партија во маратонските преговори успеа да им обезбеди пратенички столчиња.

Пропадна обидот на СДСМ, ДУИ и ДПА одлуките во Државната изборна комисија да се носат со бадентерово мнозинство. Преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ не дозволи ДИК да решава по етнички принцип.

Експертската јавност остана зачудена кога СДСМ се повлече од барањето да се врши активна регистрација на гласачите во Македонија. По повеќе од една година обвинувања дека преку фиткивни гласачи им била украдена победата, социјалдемократите ја одбија можноста детално да го проверат избирачкиот список.
Согласно договорот од Пржино, предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 24 април идната година.