ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на новиот Клиничкиот центар потврда на заложбите за квалитетно здравство
ВМРО-ДПМНЕ е целосна спротивност на СДС, наш фокус беа и останаа проектите кои значат подигнување на стандардите, ветувања кои беа реализирани, а најдобар показател за тоа е и изградбата на новиот објект на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, изјави на денешната прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска.
- Овој проект е директен показател дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш имало јасна цел, поквалитетно здравство за граѓаните и најдобри услови за работа на медицинскиот персонал...Впрочем еден ваков капитален објект и инвестиција во здравствениот систем бараше интензивно четири годишно работење на полето на проектирањето во кое беа вклучени проектанти од италијанска компанија, во соработка со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и други западноевропски земји со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа, рече Андоновска.
Таа додаде дека изградбата на новиот Клинички центар ќе чини 72 милиони евра и треба да заврши за 45 месеци, а ќе бидат вклучени двете најголеми градежни компании во Македонија – Гранит и Бетон, и реномираната италијанска компанија Инсо системи, што несомнено, вели, ќе значи силен поттик на градежната индустрија и индиректен инпут на другите индустриски гранки.
- Овој проект како и големиот број други проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше се само уште една потврда на нашата посветеност, работа и конкретна идеја за подобрување на здравствената инфраструктура и здравствените услуги во Македонија. Апсурдни се обвинувањата на СДС, бидејќи еден ваков капитален проект како новиот клинички центар е во интерес на сите граѓани исто како што беа проектите за изградба на нови објекти на детската болница Козле, на клиничката болница Штип, клиничката болница Тетово, на специјалната болница Јасеново, реконструкција на старата Градска болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, реконструкција на општата болница во Прилеп и десетици други поголеми инфраструктурни проекти во интерес на сите граѓани, рече Андоновска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам