ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Кацарска - треба да се изберат нови судии
Како резултат на апелот на претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, сaкаме да истакнаме дека сме на исти став и дека како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после новогодишните празници бараме да се закаже седница на Комисијата за избори и именувања и да одбереме нови устави судии.
Исто така, сакаме да и порачаме на Кацарска, апелот за избор на нови судии да го адресира до оние кои неа ја избраа за уставен судија, бидејќи во моментот, претседавач на комисијата е координаторот на СДСМ во Собранието на Република Македонија и доколку и СДСМ сакаат да избереме уставни судии, седница на комисијата можат да закажат уште на 3 јануари 2022 година.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на оваа комисиска расправа, како и на пленарната седница.
Воедно сме благодарни на Кацарска што го афирмира нашиот став, дека изборот на Уставни судии, како и многу други избрани и именувани лица и институции, чекаат поради неажурноста на СДСМ.
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?