Македонија
10. March 2021 - 9:57

ВМРО-ДПМНЕ: Како што пљачкаат при набавка на вакцини, пљачкаат и при нов Клинички центар

Филипче и Заев планираат пљачка на векот.

Како што пљачкаат при набавка на вакцини, пљачкаат и при нов клинички центар

СДСМ и Филипче преку она што го нудат за клинички центар сакаат да ги ограбат граѓаните за над пола милијарди евра. 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да дадат амин на власта за грабеж за над пола милијарда евра за криминална изградба на клинички центар.

Фактот е дека власта не започна со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект. 

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал и грабеж. Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа