ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ за градоначалници нема да донесат бенефит за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција оценува дека кандидатите на СДСМ за следните локални избори нема да донесат никаков бенефит за граѓаните.
Во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ за кандидати нуди ликови кои се вмешани во афери и кои немаат никакви реализирани проекти и дела зад себе.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кандидатите на СДСМ како Петре Шилегов, Стефан Богоев, Филип Темелковски и Златко Марин нема ништо ново да им понудат на граѓаните на Град Скопје.
- Незадоволството и разочарувањето од кандидатите е видливо и во членството на СДС. Веќе гласно се критикува кадровата политика на СДС од страна на јавните личности кои досега ја подржуваа шарената револуција. Давањето лажни ветувања е главна карактеристика на сите кандидати на СДС досега, но кога ќе дојдат на власт си го покажуваат нивното лице, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
