ВМРО-ДПMНЕ ќе бара мислење од Венецијанската комисија за договорот со Грција

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев денеска на прес-конференција го повтори ставот во врска со договорот за спорот со името, кој се очекува да биде ратификуван во Парламентот. Најави дека партијата ќе ги преземе сите правни и демократски средства, а како една од нив е барањето што ќе го достават до Венецијанската комисија од која ќе побараат утврдување на правната природа на договорот.
- Имаме изигрување на правото и правната држава со цел легализирање на ова капитулантско дело. Тоа мора да биде правно санкционирано, рече Данев.
Владата на Република Македонија и парламентарното мнозинство, прекршувајќи ги Уставот, Деловникот, законите и процедурите, според него, сакаат да протуркаат антидржавен и антиуставен договор кој е во спротивност со интересите на граѓаните на оваа земја. Ваквото однесување, како што рече Данев, претставува продолжување на самоволното однесување на власта, каде преседаните стануваат пракса, а кршењето на Уставот, Деловникот и законите секојдневие.
- Ова е трет пат, трет случај на грубо непочитување на процедурите. Прво со изборот на Талат Џафери за „таканаречен“ претседател на Собранието, потоа со законот за двојазичност и сега со договорот со Грција, рече Данев.
Ја повтори забелешката за разгледувањето на договорот на Комисијата за европски прашања наместо во Комисијата за надворешни работи, каде се разгледуваше договорот со Бугарија.
- За потпишувањето на ваквиот договор и неговото противуставно и противделовничко спроведување во Собранието на Република Македонија ќе има одговорност, рече Данев.
За сите натамошни одлуки, како што кажа, ќе се консултираат со партиските органи. Данев не кажа дали утре ќе присуствуваат на седницата за пратенички прашања, која според него е неделовнички закажана.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
