-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС е на власт, насекаде владее криминал, корупција и непотизам
-->
Оттаму велат дека кога СДСМ е на власт, насекаде владее криминал, корупција и непотизам.
-Заев и неговите криминални и непотистички кланови ја искористија власта за лично и семејно богатење. Братучедот на Заев, Трајче Заев успеа да го купи гигантот „Герас Цунев“ кој се простира на површина од 7.000 метри квадратни и тоа за само 20.000 евра. Тоа е всушност сума на пари од кои може да се купи една гарсониера со површина од 20 метри квадратни. Генералниот секретар Драги Рашковски не ја испушти шансата да си ги постави своите роднини на високи државни функции. Исто така сакајќи да го прошири своето лично богатство се само назначи за член на одбор на Телеком за да секој месец добива хонорар од 500 евра. Вицепремиерот Кочо Анѓушев за краток период успеа да го прекрши Изборниот законик и да изврши пренамена на земјоделско во градежно земјиште, само за да фирмите на Анѓушев можат непречено и побрзо да ја изградат хидроелекраната „Тополка“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека додека функционерите на СДСМ криминално се богатат, граѓаните добиваат намалување на плати и се поголемо ширење на сиромаштија и беда во државата.
ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека одговорност за ваквото расипничко однесување мора да има и ќе има и оти поради ваквите политики граѓаните ќе го казнат СДСМ на претстојните локални избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владејачката партија во Грузија прогласи победа на парламентарните избори
-
Предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
Состојба на патишта
-
Денес сончево време со мала облачност и температура до 25 степени
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините