Македонија
20. March 2021 - 13:55

ВМРО-ДПМНЕ: Кога вели Заев дека Македонија сјае, тогаш значи целосно се одлепил од реалноста

Македонија никогаш не била попонижена, поподелена и побесперспективна од сега. Власта на Заев ја доведе државата до пропаст. Економијата е уништена, угледот погазен, се распродаваат националните и државните интереси, европската перспектива е во ќор сокак поради погрешните политики на Заев, народот се гуши во сиромаштија.

За каков сјај говори Заев кога неговата неспособна власт ја претвори Македонија во најкорумпирана држава во Европа (според Транспаренси), најсиромашна држава (според Еуростат), најнеспособна да спроведе вакцинација( според Блумберг).

Граѓаните во Македонија се најнесреќните (според Брима галуп) затоа што со нив владее хибридниот режим на Зоран Заев (повторно според Економист) кој поради провизии и криминални набавки со вакцини ја донесе Македонија да биде во врвот по смртност од корона вирус.

Буквално поради Зоран Заев Македонија умира. Тоа што Заев гледа дека Македонија сјае говори дека тој целосно се одлепил од реалноста

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ